Аикидо-Историјат Реален
Аикидо-Историјат Маруи-Историјат
Клубот за реален аикидо – Маруи е спортска органиазација основана на 11 Ноември 1995 година во Скопје, со цел да ја развива, популизира и омасовува вештината реален аикидо. Со формирањето на Маруи, после 70 години од содаванјето на изворното аикидо, конечно и во Скопје се створи можност за изучување на оваа благородна вештина.
Основачи и тренери на Клубот за реален аикидо – Мaруи се мајсторите за реален аикидо Дејан Чавкоски и Влатко Пиштолов – инструктори за реален аикидо 4 дан, кои своето знаење го стекнуваат директно кај Основачот на Реален аикидо – Академик Љубомир Врачаравиќ.
Првиот клуб за аикидо во Скопје работи континуирано веќе 15 години и во него досега се зачленети повеќе од 1300 членови од кои 60 се активни. Во Маруи се тренира Реален аикидо и се работи според програмата на СЦРА (Светеки Центар за Реален Аикидо).
Клубот за реален аикидо – Маруи заедно со клубовите Пелистер – Битола, Тегатана – Куманово, Сегал – Неготино и Тенкан – Струга на 21 април 1996 година го основаа Аикидо Сојузот на Македонија (денес Аикидо Федерација на Македонија), организација која ја координира работата на сите аикидо клубови во Република Македонија. .